Венчаницата на Меланија Трамп по рекордно ниска цена! Беше сон на секоја невеста, а сега се продава на eBay

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп, првата дама на Америка, засекогаш ќе остане запаметена по нејзиниот беспрекорен моден вкус. А меѓу нејзините најпрепознатливи модни моменти во кои некогаш се појавила во јавноста, секако се издвојува венчавката со Доналд Трамп во 2005 година, кога блесна во луксузна креација на Диор на дизајнерот Џон Галијано.

Дваесет години подоцна, таа позната венчаница бара нова сопственичка.

Венчаница од соништата: свила, кристали и бисери

Кога Меланија ја избираше својата венчаница, бараше вистинска модна бајка. Дизајнот на Галијано беше токму тоа – раскошен балски фустан од 90 метри свила, украсен со 1.500 кристали и бисери Сваровски. Оваа уникатна креација тешка 25 килограми барала 550 часа рачна работа, а нејзината цена достигнала неверојатни 187.000 долари.

Фустанот остана запаметен и по тоа што ја красеше насловната страница на февруарското издание на магазинот „Вог“ во 2005 година, заедно со Меланија како новопечената госпоѓа Трамп.

Се продава венчаница: Цената е значително пониска

Иако важи за едно од најпознатите свадбени изданија во модната историја, овој фустан денес се продава за значително пониска цена. За прв пат се појави во реклами во 2010 година, кога беше продаден за 70.000 долари. Сега е повторно достапен на платформата eBay, но по цена од само 45.000 долари, што е речиси четири пати помалку од неговата првобитна вредност.

Малите промени ја намалија вредноста

Освен времето, една од причините за намалената цена лежи и во промените што ги претрпе фустанот. Сегашната сопственичка, која го купила пред 15 години, признала дека мора да го прилагоди горниот дел за да одговара на нејзината фигура. Беа додадени прерамки и венчаницата малку се прошири во пределот на градите. Исто така, на дното се вметнати нови слоеви од сатен и неколку везени детали.

И покрај промените, фустанот сепак зрачи со елеганција и останува модно парче со историска вредност.

Фото: Инстаграм
Извор: Ona.telegraf.rs