Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Добивај вести на Viber

Физичките лица кои ќе отворат трансакциска сметка во Халкбанк преку која ќе добиваат плата или пензија или доколку почнат да штедат во Банката и тоа го направат до 30 септември, ќе добијат вредносен ваучер од 500 денари кој ќе може да го искористат во еден од листата од 135 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата, а кои се клиенти на банката. Новата кампања „На наша сметка“ важи и за други продукти на банката како подигање кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, е-касичка, е- банкарство или отворање нова Mastercard кредитна картичка.

За сите оние кои ќе решат своите средства да ги издвојат како штеден влог, Халкбанк нуди идеални можности преку неколку вида депозити креирани според барањата и потребите на клиентите. Сопственици на сметка и корисници на електронско банкарство во Халкбанк имаат можност да штедат и онлајн преку онлајн депозитит. Орочувањето кај различните депозитни производи се движи од 3 до 36 месеци, а за сите продукти каматата е фиксна за целиот период на орочување на средствата.

Халкбанк е најбрзорастечка банка во земјава и од 2011 година откога функционира под овој бренд кај нас успеа  да стане една од четирите системски важни банки во земјава. Халкбанк АД Скопје е во целосна сопственост на силната банка Халкбанк АШ Турција која перманентно дава значајна и голема поддршка на македонската Халкбанк во остварувањето на нејзината цел за натамошен раст на македонскиот финансиски пазар.

Важни се луѓето. Важна е поддршката.