Ова дефинитивно не го очекуваше: Меган Маркл слави роденден, а еве како ѝ честитаа Кејт и Вилијам (ФОТО)

Меган Маркл го прослави својот 41 роденден, а некои од честитките кои ги доби сигурно не ги очекуваше...

Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, од самиот почеток ја заинтригира британската и светската јавност со својата врска, а подоцна со своите јасни ставови предизвикаа гнев кај многу Британци.

Многумина веруваат дека Меган е одговорна за одвојувањето на Хари од семејството и со скандалозното интервју со Опра Винфри во кое Меган и Хари го обвинија кралскиот двор за расизам изразен со „загриженост“ за бојата на кожата на нивниот син и изјавите на самиот Хари за семејството и односите со дворот, не собраа навистина големи симпатии меѓу поддржувачите на монархијата.

Сепак, прикажаното во јавноста е сосема поинакво од вистинската вистина, па никогаш нема да дознаеме дали кралското семејство е пресреќно за Меган Маркл и колку е искрена честитката по повод нејзиниот 41 роденден.

Први ѝ честитаа војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а познато е дека Твитер профилот го води Кејт.

– Среќен роденден на војвотката од Сасекс – напишаа Кејт и Вилијам.

Чарлс и Камила беа исто така меѓу првите со честитка, па сега постои сомнеж дали кралскиот двор е сепак навистина со Меган или тоа го наметнува само суровата британска култура, проценете сами.


извор:GLOSSY

Стил на неделата: Меган Маркл докажува дека и на 35 степени можете да бидете шик дама