Ова е мајка херој која скокна од третиот кат за да ја спаси ќерката од поплавите: Пливаше 3 километри

Добивај вести на Viber

Лејла Залихиќ е мајка херој која скокна од третиот кат од својата куќа, исплива три километри во поројна вода и ја спаси својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ Поље.

Како што пишува Коњичани, Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а куќата им била уништена.

Тие се спасени по повеќе од три километри пливање

Без ориентација и со многу повреди во мрачната ноќ се спасени по повеќе од три километри растојание во Јабланичкото езеро.

Лејла Залихиќ при спасувањето се здобила со видливи повреди на главата и лицето

Лејла има видливи повреди и е хоспитализирана, додека нејзиниот сопруг и ќерка се добро додека се уште трае потрагата по нејзината свекрва.

- Ја посетивме сосетката Лејла Залихиќ... Приказна, траума и хорор искуство за цел живот. Ние, нивните сограѓани, соседи и бизнисмени мора да бидеме со нив денеска, утре и секој нареден ден додека сето ова не се доведе во најдобра можна состојба! – напиша Арман Куртиќ.

(Кликс)