Ова е мода: Новата икона на стилот во комбинација со генијални детали
Надежната актерка и стилска икона, Зендаја, му донесе ново
значење на гламурот од глава до пети како дел од лондонската премиера на долгоочекуваниот
филм на Марвел.
Викендов во британската престолнина започна светската промо турнеја на филмот „Spider-Man: No Way Home“, а во љубовна врска се и неговите главни ѕвезди Том Холанд и Зендаја.
На средбата со претставниците на седмата сила, 25-годишната Зендаја уште еднаш успеа да ја докаже титулата нова модна икона.
Исто како и поп-ѕвездата Лејди Гага, така и ѕвездата од серијата „Еуфорија“ го прилагодува својот моден избор на проектите кои ги промовира, па така и во Лондон блесна во креација со потписот на британскиот бренд Александар Меквин.
Станува збор за комбинација од сива, предимензионирана јакна и чизми со драматичен дизајн сличен на хеланки, кои исто како и сакото беа украсени со мноштво кристали кои имитираа изглед на лустер.
Исто како и за многу несекојдневни изданија на Зендаја на црвениот тепих, така и за ова се погрижи нејзиниот долгогодишен стилист и близок пријател Лу Роуч, а дуото реши да ја истакне споменатата комбинација претставена во претстојната колекција на брендот со интересен пар на обетки во вид на пајажина.
Фото: Профимедиа
(ФОТО) Critics' Choice Awards: Најдобро облечени дами, од Зендаја до Ен Хатавеј