„Ова е моја историја, јас ќе бидам кралица“: Откриени експлозивни нови детали за Кејт Мидлтон
Се чини дека Кејт Мидлтон е железната рака во Бакингемската палата и таа што ги носи конечните и цврсти одлуки кога е во прашање имиџот на британското кралско семејство, велат изворите. Ваквите шпекулации произлегуваат од откритието дека таа е онаа зад познатата официјална објава од палатата по појавувањето на принцот Хари и Меган Маркл во шоуто на Опра Винфри.
Деталите за тоа како покојната кралица Елизабета одговорила суптилно, но цврсто на „нападот“ на Хари и Меган врз монархијата, користејќи ја фразата „сеќавањата може да варираат“, се појавија во книгата на кралскиот аналитичар и новинар Валентин Лоу.
Нацртот на официјалното соопштение првично не ја вклучуваше горенаведената, малку злонамерна забелешка и звучеше далеку „помеко“. Сепак, наводно, принцот и принцезата од Велс барале одговорот да биде построг, пренесува „Дејли мејл“.
Кејт Мидлтон целосно го поддржала својот сопруг, и не само тоа - наводно била поодлучна од него по ова прашање.
Новата книга на Лоу, „Courtiers: Intriga, Ambition, and the Power Players Behind the House of Windsor“ тврди дека најмалку двајца службеници од палатата се спротивставиле на идејата да се користи фразата „сеќавањата може да варираат“ во изјавата, но дека Кејт била таа што го наметнала ставот така да остане.
„ЕДЕН ДЕН ЌЕ БИДАМ КРАЛИЦА“
„Тоа беше Кејт таа која јасно рече: „Историјата ќе ја суди оваа изјава и доколку оваа фраза или нешто слично не е вклучена, сè што тие кажале ќе биде прифатено како вистина“, книгата цитира извор запознаен со ова прашање.
Истиот извор тврди дека Кејт е далеку потврда и почелична отколку што мисли јавноста. „Таа не добива толку голема заслуга колку што треба затоа што е многу суптилна во својот став.Таа ја игра играта на долги патеки. Таа секогаш имала цел и мантра: „Ова е мојот живот и мојот историски пат и еден ден ќе бидам кралица“, вели тој.
ФОТО: Јутјуб принтскрин