Ова е омилено име за бебиња ширум светот

Oмилените имиња за бебиња во многу држави во светот се разликуваат, но некаде има совпаѓање и едно исто име се случува да биде атрактивно во повеќе земји. Една Интернет страница открила кое е омиленото име за бебиња во светот.

Во девет земји од светот, ова име се наоѓа на прво место на листата за омилени детски имиња. Во 20 други земји, се наоѓа на второто место. Се работи за името Софија!

Ова го покажуваат резултатите од една анкета направена во 49 земји.

Името доаѓа од грчкиот јазик и значи „мудрост“. Некогаш означувало и виталност и божја мудрост.