Затоа внимавајте секогаш кога ќе му послужите на
вашето дете храна
Според извештајот за 2020 година објавен во американско списание, апсолутна најлоша храна за мозокот на вашето дете е брзата храна.
Истражувачите од Западниот универзитет прегледале повеќе од 100 различни студии за да извлечат заклучоци. Студиите што ги проучувале истражувале како лошиот избор на исхрана може да влијае на мозокот на децата и адолесцентите, пишува „Eat This“.
Извештајот покажа дека децата и тинејџерите консумираат исклучително големи количини на калорична нездрава храна, што негативно влијае на развојот на нивниот мозок. Ова е главно затоа што мозокот на адолесцентите сè уште го развива својот фронтален лобус, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата, вниманието и контролата на импулсите.
Според студиите, ефектот на брзата храна врз развојот на фронталниот лобус може негативно да влијае на способноста на детето да се саморегулира во изборот на храна.
Колку премногу нездрава храна може да влијае на мозокот и иднината на детето?
Извештајот, исто така, нагласува дека поголемата конзумација на брза храна води до нездрав избор на исхрана во зрелата возраст, што може да придонесе за дебелеење подоцна во животот.
Студија од социјална психијатрија и психијатриска епидемиологија откри дека слабиот квалитет на исхрана кај адолесцентите е исто така поврзан со повисоки случаи на депресија. А една нова студија од Универзитетот во Џорџија покажа дека зголемената потрошувачка на додаден шеќер во детството може да доведе до оштетување на меморијата во зрелоста. Сепак, оваа студија е спроведена на глувци, па затоа се потребни повеќе истражувања.
Здрава храна за мозокот на детето
Рецензија од 2017 година наведува дека здравата исхрана за развој на детето вклучува многу протеини, јаглени хидрати (нерафинирани), здрави масти, железо, витамини А, Ц и Д и витамин Б.
Medical News Today предлага да му понудите на вашето дете храна како што се лиснат зеленчук, грчки јогурт, риба и јајца. Овие намирници се сметаат за дел од здравата исхрана за детскиот мозок.