ОВА ЌЕ ВЕ ПРОМЕНИ: Корисни навики за секој човек

Добивај вести на Viber

Како покрај сите обврски и недостатокот на време, да се храниме правилно и да воведеме здрави навики? Одговорот лежи во само неколку трикови.

Ова многу ќе ви помогне и од денес до утре ќе имате придобивки. 

Јадете повеќе (сина) риба

Рибата е лесно варлива и богата со есенцијални аминокиселини, но и омега 3 масни киселини (посебно сината риба) важни за одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Пожелно е барем два пати неделно да ја ставите во вашето мени. Одлична алтернатива на свежата е конзервираната риба, на пример туната во маслиново масло, која содржи малку сол и која е произведена со современ процес на термичка обработка, поради што не содржи конзерванси или засилувачи на вкусот.

Воведете 5 минути јога или медитација дневно

Земете си само 5 минути секое утро за вежби за истегнување, медитација или јога. Звучи занемарливо, но навистина не е. Неколку минути истегнување на екстремитетите и вратот може да ви донесат сосема нов полет. Почнувањето на работниот ден со правилно дишење прави чуда за стресот со кој морате да се соочите.

Научете да одберете печиво - посегнете по семките

Можете да се потрудите да го започнете денот со житарки во облик на каша од зоб или мешани мусли, а за ручек или вечера пробајте јачмен, киноа, просо, хељда. Можете да ги зготвите ден претходно и да си ги понесете на работа. Квалитетниот избор на житарки доаѓа до израз при одбирањето на печива или леб. При нивниот избор трудете се да задоволите два критериуми: прво, вашето печиво или лебот да е од интегрални зрна житарки. Со тоа, од старт осигурувате темели за квалитетен оброк. Вториот критериум е да содржи семки, кои се едни од најзанемарените намирници во нашата исхрана, а се истакнуваат со богатство на вредни масни киселини, витамин Е и бројни минерали.

Бидете подготвени за падот на енергијата

На повеќето од нас им се случува отприлика после пладне одеднаш да ни падне енергијата, да ни ослабе концентрацијата и да ни се приспие. Многумина во овој случај посегнуваат по нешто слатко, но попаметно би било да посегнеме по хранлива ужинка.