Здравје // Совети
Ова ќе ви го промени лицето и животот
Јаболковиот оцет може да направи чуда на вашето лице. Покрај обичниот јаболков оцет уште поефикасен е оцетот од диви јаболка.
Ги отстранува нечистотиите од порите и спречува настанување митесери.
Овој оцет не само што ги отстранува мртвите клетки од кожата, исто така доведува во ред лачењето маснотии и одржува нормален ph на кожата, одлично го осветлува тенот и ја хидрира кожата, а има и антибактериски својства.
За нега на лицето најдобар е домашниот јаболков оцет, особено од диви јаболка.
Не треба да го ставате директно на лице, разблажете го со флаширана или зовриена вода во размер 1:3. Нанесете на памук и избришете го лицето пред да го измиете. Најдобро е оваа постапка да ја правите наутро и навечер.