ОВА НИКОГАШ не треба да се подарува кога одите на куќна слава: Еве зошто
Кај нас започна празничната сезона, а обичаите налагаат гостите да не одат со празни раце. Кога одите да купувате подароци за домаќините за нивната куќна слава, запомнете дека има работи за кои се верува дека не се подаруваат.
Се верува дека одредени работи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кој му ги подарувате. Особено, не треба да ги носите овие предмети:
Остри предмети
Ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.
Огледало
Се верува дека магијата е заробена во огледалата и затоа не треба да се купуваат како подароци. Наводно, подарените огледала му носат неволја во животот на оној што ги прима.
Медицински помагала
Апарат за крвен притисок, масажери и слично не треба ниту да се купуваат ниту да се прифаќаат како подароци, бидејќи се верува дека го влошуваат вашето здравје.
Садови за готвење или јадење
Ако сакате да подарите некому тенџере или чаши, ставете паричка во секое тенџере. Празните садови носат сиромаштија.
Часовник
Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовникот како подарок го означува почетокот на одбројувањето до смртта. Исто така, тие веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекинна врската.
Паричник
Како и кај садовите, паричникот не се подарува празен. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губење паричник, пари, скапоцености...
Бисери
Се верува декапо бисери носат болести и загуби во куќата. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците и токму затоа настанало верувањето за подарување бисери.
Шал или марама
Тие внесуваат неволји и лоши луѓе во животот на оној што добива таков подарок.
Внимателно со изборот на книги
Можете да ги дадете на пријателите и роднините, но не и на вашиот сопружник. Се верува дека овој подарок во бракот може да привлече предавство.
Без разлика дали сте суеверни или не, кога купувате подарок за некој близок, запомнете - она што е дадено од чисто срце и љубов, не може да донесе несреќа со себе.
Извор: жена.блиц
Фото: Youtube - screenshoot