Ова се најдобрите и најлошите датуми за склучување брак во 2023 година
Доколку планирате венчавка следната година, астролозите тврдат
дека три датуми се особено среќни за стапување во брачна заедница, додека еден
може да испадне доста неповолен. Дознајте кои се најдобрите, а кои најлошите
денови за запловување во брачните води во 2023 година.
Најсреќните датуми:
14 октомври 2023 година
На овој ден се случува затемнување на Сонцето. Месечината и Сонцето ќе бидат во дипломатска Вага, знакот на партнерство и рамнотежа, што ќе ја донесе потребната хармонија во брачниот живот. Прстенестото затемнување го прави овој датум уникатен, бидејќи ваквото затемнување се случува само еднаш годишно или на секои две години.
5 февруари 2023 година
Не само што на овој датум има полна Месечина, што е посебен благослов, туку на 5 февруари 2023 година, ниту една планета не се движи ретроградно. Периодот на полна месечина со директно движење на сите планети е особено среќен за почетокот на бракот и заедничкиот живот.
17 јули 2023 година
Паровите кои го нагласуваат семејството и децата треба да размислат за брак на 17 јули. Тоа е датумот кога Месечината и Сонцето ќе бидат во Рак, што укажува на нераскинлива љубовна врска. Овие парови ќе постигнат блиска врска полна со хармонија и заедништво.