Ова се најсреќните денови во октомври: За некого ќе донесат решенија за многу проблеми, а за други романса и голема љубов

Добивај вести на Viber

Во текот на есента не очекуваат интересни аспекти во однос на ѕвездите. Астролозите открија кои денови во октомври можат да бидат најуспешни за нас и зошто. Обидете се да ги запомните овие датуми или задолжително запишете ги за да знаете кога треба да бидете најактивни.

Денес Меркур е на многу специфичен степен - степенот на јасновидство. И затоа постои можност појасно да видите нешто важно за вас.

- Обрнете внимание на вашите соништа. Запишете ги. Бидете отворени да слушнете што ви зборуваат луѓето на поинаков начин, бидејќи можеби некои од нив ви испраќаат многу важна порака. Знаете кога конечно ќе го слушнете одговорот на прашањето што го поставивте којзнае кога. Или некој „случајно“ спомнува тема во која сте активно вклучени и ви нуди решение. Сè што ги окупира вашите сетила може да биде одговор, а пораката за вас може да дојде од секого, секаде, на кој било начин. Само ако сте подготвени да го слушнете.  

Клучната енергија во октомври е енергијата на одлука. И таа енергија со себе носи важно прашање - од кој извор доаѓаат вашите одлуки - од Стравот или од Љубовта.

5 октомври – Меркур преминува во знакот Вага

Меркур во Вага секогаш носи добро време за опуштање. Обидете се да се оттргнете од работата во текот на денот за да се опуштите. Комуникацијата и романтиката ќе бидат во преден план.

10 октомври – Поволен ден

Вторник, 10/10 е многу силен и поволен ден. Во тоа време, ќе биде корисно да комуницирате со најблиските, да започнете нови проекти на работа. Исто така е корисно да се покаже интерес за нови хоби. Ова е многу добар ден кога самиот Универзум ќе не води на вистинскиот пат доколку сме збунети.

11 октомври – Плутон излегува од ретроградна фаза

Излегувањето на оваа планета од ретроградната фазата е многу пријатен настан. Не треба да се плашите да бидете сами на овој ден. Повеќето интересни и важни идеи ќе ни дојдат токму тогаш. Не се сомневајте во себе и вашите најблиски. Бидете отворени за конструктивна критика на овој ден , тоа ќе биде многу корисно.

12 октомври – Марс преминува во знакот на Скорпија

Марс во соѕвездието Скорпија понекогаш не тера да правиме чудни и не многу добри работи, но оваа позиција на планетата значително ја зголемува енергијата на луѓето. На овој ден не можете да седите без работа, инаку силното ослободување на енергија може да тргне кон нешто лошо. Ќе биде многу полесно да се постигне успех на кое било поле.


Фото:freepik