Ова се сложени прашања за моето семејство: Кралицата се огласи за Хари и Меган

Бекингемската палата наводно беше разочарана и повредена од постапката на Меган Маркл и принцот Хари. Сепак не сите ги критикуваат, па меѓу јавните личности се најдоа и оние кои ги поддржуваат.

Конечно се огласи и главата на кралското семејство, односно кралицата Елизабета Втора, со свое мислење.

„Денес моето семејство имаше многу конструктивна расправа за иднината на мојот внук неговото семејство. Моето семејство и јас во потполност ги поддржуваме желбите на Хари и Меган за создавање на нов живот како младо семејство. Иако би сакале тие да останат постојано како вработени членови на кралското семејство, ги почитуваме и разбираме нивните желби да живеат самостален живот како семејство, а при тоа да останат ценет дел од кралското семејство. Хари и Меган јасно дадоа до знаење дека во новиот живот не сакаат да зависат од јавните средства. Затоа е договорено дека ќе претстои транзиционен дел во кој војводата од Сасекс ќе поминува време во Канада и Велика Британија. Ова се сложени прашања за кои моето семејство ќе одлучи и ќе треба да се завршат уште некои работи, но побарав конечната одлука да биде донесена во наредните денови“- гласи нејзината офизијална изјава.