Да беше жива Дајана ќе постапеше како Меган: Сите ја нападнаа, но таа ја брани војвотката

Добивај вести на Viber

Бекингемската палата наводно е разочарана и повредена од постапката на Меган Маркл и принцот Хари. Сепак не сите ги критикуваат, па меѓу јавните личности се најдоа и оние кои ги поддржуваат.

Имено членката на жирто на шоуто „Britain's Got Talent“, Аманда Холден ја поддржува двојакта во нивната одлука.

- Искрено не сфаќам зошто настана толку голема збрка. Навистина ми се допаѓаат. Го мразам фактот што пишуваат сешто за нив, па мислам дека Меган можеби сака второ дете и не сака повторно да биде под таков стрес. Јас сум за тоа да се повлечат. Сакам да останат заедно и да бидат среќни- изјави Аманда.

Аманда истотака ја спореди принцезата Дајана со Меган.

- Да беше принцезата Дајана жива и таа би постапила исто како и Меган. Можеби би нашла некој кој би ја сакал на начин што го залсужува, би се одеслила од државата и би не претставувала на блескав начин низ светот- додаде таа.