Ова се знаци дека вашиот брак е во криза

Добивај вести на Viber

Ако еден од вас или пак двајцата не сакате да споделувате детали од својот секојдневен живот или не водите сериозен дијалог, тогаш тоа е проблем. 

Секој брачен пар има свои кризи, односно нормално е понекогаш да се кара, но ако кавгите поради исти работи постојано се повторуваат, поточно ако си играте префрлање на вина преку жестоки кавги, тогаш вашиот брак е во неволја. Конфликтите стануваат толку болни што веќе немате здрави расправии. Се лутите поради мали работи, а вашите проблеми стануваат се поголеми. Во суштина, вашите расправии не се продуктивни, а врската не напредува.

Интимноста е многу важен дел од бракот, а ако сте незадоволни од својот сексуален живот, не можете во потполност да бидете среќни и задоволни. 

Кај брачните парови со проблеми во меѓусебните односи, се појавува незадоволство, а понекогаш дури и омраза.

Ако почнете да се сомневате во верноста на вашиот партнер или сте убедени во измама, вашиот брак е на „стаклени нозе“. Криењето на одредени информации за да се избегне нов конфликт дефинитивно не е решение, туку пат кон подлабока криза.