Ова видео на „девојката со крилја“ е доказ дека мајчината љубов е семоќна: Успева и да го нахрани бебето

Иако одамна со своите спортски успеси покажа дека за неа пречките се само предизвици, таа отиде чекор понатаму во мајчинството

Дејана Бачко, позната и по прекарот „Девојката со крилја“, се породи минатата недела и оттогаш не престанува да ја воодушевува јавноста со фотографии и видеа со својата ќерка Лара.

Иако одамна со своите спортски успеси покажа дека за неа пречките се само предизвици, таа отиде чекор понатаму во мајчинството.

Оваа храбра, убава девојка, која нема раце, објави видео како сама го храни своето бебе.

View this post on Instagram

A post shared by Devojka sa krilima  (@devojka_sa_krilima)



- Јас сум супер. Тоа е навистина неописливо чувство, мило ми е што се реализирав како мајка. Нова улога, голем предизвик, но среќна сум поради тоа. Јас сум многу среќна. Секако, Марко е тука со мене, и неговото семејство и моето се тука - изјави таа за РТВ по породувањето.

- Дејана навистина добро поднесе сè, како што поднесува се друго. Од моја страна сум целосно опуштен – додаде тогаш нејзиниот сопруг Марко.

Дејана, само напред. Секој би посакал мајка како тебе!


ФОТО: Инстаграм

Девојката без раце стана мајка: На свет донесе здраво бебе од 2500 грама кое доби име со моќна симболика

Родена е без раце, ја нарекуваат „девојката со крилја“: Дејана и нејзиниот партнер очекуваат бебе (ВИДЕО)