Оваа билка лечи многу болести: Лекот лесно се прави

Добивај вести на Viber

Познато е дека тегавецот е природен лек против настинка и ја спречува кашлицата, но оваа трева има и други својства кои се лековити за повеќе болести. 

Семето од тегавец се користи против камен во жолчка. Го препорачуваат како лаксатив, особено за деца, кај воспалителни состојби на слузницата. Дури и докторите велат дека дневно консумирање на 8 грама семе спречува создавање на жолчен камен.

Ако имате проблеми со афти и рани во усната шуплина, тегавецот е ефикасен лек за овие проблеми. Листови од тегавец кои ќе се постават како облога на забите и непцата можат да спречат инфекција на забот во рана фаза. Тегавецот го спречува гноењето и го забрзува заздравувањето. 

Свежно исцеден сок од тегавец е идеален лек против акни. Овој рецепт ќе ви помогне побрзо да ја исчистите проблематичната кожа. 15-20 грама свежо исцеден сок од тегавец се меша со 10-15  крем и се додаваат неколку капки ружино масло и лажичка маст од невен. Сето ова се меша и се става на лицето. 

За тегавецот велат и дека е користен за лечење на болестите на белите дробови. За оваа болест, се пие сок од тегавец. Потребни ви се 500 г свежи листови од тегавец. Сокот е најлесно да се приготви во соковник или добро да се обработи со рачен миксер, па да се процеди низ газа. Се пие неколку пати на по една лажица.