Моден фокус // Трендови
Оваа боја останува есенски моден хит
Оваа есен, на модната сцената се врати омилената боја на многу жени, темноцрвената или бордо боја.
Заедно со карираните парчиња, животинскиот принт и добриот џинс, продавниците се полни со оваа префинета нијанса. Боја на виното или темно-црвената, бордо боја. Во неа, велат модните критичари ќе уживаме неколку сезони по ред.
Оваа супер-популарна нинајса ги краси јакните, фустаните, панталоните, но и спортските парчиња и модните додатоци. Уште ако имате бордо вискои чизми или чевли, имате вистински моден погодок.