Оваа фризура ќе биде топ тренд во претстојната сезона: Ја прави косата погуста и одговара на секој облик на глава

Добивај вести на Viber

Фризурата „Curve cut“ или C-облик ќе биде една од најпопуларните фризури за претстојната 2024 година. Она што е карактеристично за оваа фризура е тоа што одговара на секој облик на глава, а со неа нема никаква грешка.

Фризурата „Curve cut“ е посебна за слоевите кои се малку заоблени, паѓаат и ги покриваат образите, брадата - сè до клучната коска, и така совршено го оформуваат лицето. Не се меки само слоевите што го врамуваат лицето, туку и прамените што паѓаат преку грбот.


Исто така, споменатата фризура многу потсетува на онаа што беше популарна во седумдесетите и деведесеттите години на минатиот век.


Косата се истакнува со заоблени слоеви, а самата изгледа погуста. Кога станува збор за стилизирање, можете да ја оставите вашата коса да се исуши природно или да ја обликувате во  бранови. За навистина да ја нагласите формата, се препорачува косата да се фенира со овални четки.


Фото: Инстаграм

Идеална фризура за жени над 50 години: Има моментален подмладувачки ефект и прави да изгледате многу помодерно