Оваа хит фризура им прилега на сите дами, додека на постарите им крати години: Од 21 до 71, воопшто нема да погрешите

Добивај вести на Viber

Доколку планирате да ја промените фризурата, следниов преглод е хит кој им одговара на сите дами

Прелистувајќи ја инспирацијата за најубавата фризура која би им одговарала на сите дами без разлика на возраста, најдовме една која навистина им прилега на сите.

Станува збор за фризура наречена „Нирвана'. Знаете тогаш во која насока се движиме. Станува збор за русокосите прамени и стилот на култниот фронтмен Курт Кобејн.

View this post on Instagram

A post shared by Emma Stone (@emmastoneirworld)


Ѕвездите исто така го прифатија овој стил на црвениот тепих, па оваа фризура не само што одговара на сите, таа е погодна и за секој настан, а релативно лесно се стилизира. Оваа фризура се дефинира со пократка должина која ги гали рамениците и тап крој. Изгледот е многу опуштен, ноншалантен и како таков многу софистициран. Тоа го потврдуваат и ѕвездите.

View this post on Instagram

A post shared by Angela Levin (@angelalevinmakeup)


Она што ја прави популарна оваа фризура е нејзината експресивна разноврсност, што се одразува во тоа што одговара на секој облик на лице и сигурно нема да ве изневери.

Изгледа добро до патец на било која страна, одлично оди со странични шишки и има предност од должината, што значи дека можете да ја врзете косата во реп кога вежбате или пробувате поинаков изглед.

View this post on Instagram

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)


Запомнете ги и зборовите на Габриел Коко Шанел во врска со скратувањето на нејзината коса, доколку го планирате тоа: „Жена што ќе ја скрати косата ќе си го промени животот“.

Извор: stil.kurir