Оваа намирница е евтина и прави чуда за здравјето
Зелената салата е евтина, и прави чуда за здравјето. Добра е за срцето со големото количество витамин Ц кое го содржи, како и бета каротен. Делува превентивно и на некои облици на рак, го намалува холестеролот и го ослободува телото од киселини.
Дава и дополнителна енергија на телото,а помага и за смирување на нервите и мирен сон.
Минералите во зелената салата помагаат во чистењето на организмот од токсини и ја одржуваат рамнотежата на киселините и базите. Оваа рамнотежа помага за поголема енергија, јасни мисли, добар сон и за блескава и убава кожа.
За зелената салата важи правилото: колку се позелени и потемни листовите, толку е поголема нејзината нутритивна вредност. Поради неупатеност, многумина ги отстрануваат првите, надворешните листови од салатата. Ова е погрешно бидејќи тие содржат двапати повеќе витамин Ц, во однос на внатрешните листови.