Оваа намирница желудникот најтешко ја вари и треба да се избегнува: Препорака од нутриционистот Анри Шено

Добивај вести на Viber

Познатиот нутриционист Анри Шено вели дека кафето не е добар почеток на денот. За кафето со млеко, тој објаснува дека најтешко се вари во желудникот.

„ Ако некој денес пиел кафе со млеко и утредента умрел, биопсијата ќе открие дека кафето со млеко не се сварило во неговиот желудник. Затоа е најдобро наутро да се пие зелен чај, а во текот на денот по една шолја еспресо. Кафето треба да е силно, и што е најважно, кратко“, вели францускиот нутриционист. 

И други негови колеги се согласуваат дека наутро желудникот не треба да се оптеретува. Важно е желудникот полека да работи, и да не го оптеретите за цел ден, вели Шено.

„Јас појадувам овошје. Ручекот го почнувам со салата, а потоа внесувам јаглехидрати: ориз или тестенинини. Месо јадам, но поретко. Навечер задолжително вечерам супа од зеленчук“, раскажал Шено. 

Тој е познат по уште една храбра изјава која ги обиколи светските медиуми. “Поголемиот дел од луѓето се луди, две третини од докторите се кретени или работат во корист на фармацевтските компании. Затоа докторите прашуваат: Кои проблеми ги имате? Потоа препишуваат апчиња. Работата на лекарите е да сфатат што ги мачи пациентите, а не да прашаат“, рекол нутриционистот.