Четири хороскопски знаци кои ќе се вљубат вистински
Рак
Ова е период кога ќе сфатите колку сте всушност среќни со вашиот партнер. Пред себе го имате вистинското богатство, и немојте тоа да го заборавите. За оние кои се во долга врска или брак, оваа недела одново ќе се вљубат во партнерот/партнерката. Ова е идеален период за повеќе за романтични состаноци и вечери, и за планови за некое следно патување, во скоро време. Среќата ќе ве следи и во забавните игри.
Лав
Жените родени во знакот на лав ќе бидат комплетно посветени на партнерот. Ќе се обидат да му угодат на сите полиња, од специјалитети во кујната, до заведувањето во спалната соба. За мажите лавови, како да не постои ништо освен партнерката. Целиот негов свет е само таа, особено ако партнерката е родена во знакот на Бик.
Близнаци
За близнаците, оваа недела е поволна за планови за одмор. Дами, испланирајте си некое убаво патување со пријателки во спа центар. На љубовен план, жената близнаци ќе ужива во вниманието од саканиот кој својата љубов кон неа најмногу ќе ја искажува преку пораки на социјалните мрежи. За неа, тоа не омилен дел од врската, но конечно ќе се прилагоди.
Овен
Совршен период за инвестиција во нов бизнис за овните. Во љубовта, вистински ќе уживате. Мажот овен е толку вљубен во својата партнерка, што ќе го прифати буквално секој нејзин предлог или план. Ова особено важи ако партнерката е во знакот на риби. Совет: не срамете се да ја искажете својата љубов, секогаш и насекаде. Оваа недела за овните е поволна и во игрите на среќа.