Овие ѕвезди не сакаат деца и имаат причини за тоа: Светот е лош, тешко е да се стане во 6 часот наутро ...

Не се остварија сите познати личности како родители, некои не можеа, а некои навистина не сакаа. Некои немаа време за тоа, некои цел живот знаеја дека децата не се за нив, а некои, за жал, изгубија бебе.

Голем број на ѕвезди одлучиле дека родителството не е за нив, а секој има своја причина зошто не сака дете. Повеќето го имаат истото заедничко - тие не сакаат да ги слушаат коментарите на другите луѓе за нивната одлука.

„Не сакам да го дадам моето дете на оваа п.срана планета“, рече пејачката Мајли Сајрус и додаде:

- Не сакам да родам човек кој ќе мора да се бори со ова, додека не почувствувам дека може да живее на Земјата со риби во вода.

Опра Винфри смета дека родителството секако не е за неа:

- Мислам дека би била лоша мајка бидејќи не ги разбирам децата. Ми треба некој да ми каже што не е во ред, не би можела да функционирам со децата иако ги сакам – објаснила таа.

Актерот Леонардо ди Каприо е познат по голем број врски, а во една прилика изјави што мисли за улогата на татко.

- Мислиш дека би сакал да донесам деца во ваков свет? Ако се случи, ќе се случи. Не сакам да навлегувам во детали за да не бидам погрешно сфатен – изјави Лео.

Џаред Лето смета дека децата бараат присуство и посветеност и дека тоа сега не може да го даде никому, бидејќи има „многу што да постигне“.

Актерката Рене Зелвегер пред неколку години откри дека никогаш не планирала да има деца. Ги има нејзиниот сегашен партнер, па таа ужива во улогата на маќеа.

Актерот Киану Ривс со поранешната партнерка Џенифер Сајм изгубија дете во осмиот месец од бременоста, што беше голема траума и за двајцата. Подоцна сфатил дека е премногу стар:

- Доцна е. Готово е. Имам 52 години. Јас нема да имам деца.

Џон Хем (50) искрено рекол дека „би бил ужасен татко“ и дека не треба да се гледа во таа улога.

-Ги гледам пријателите кои имаат деца и веднаш помислувам: „Човеку, како си буден во 6 сабајле, а камоли да правиш нешто? Не ми е важно. Имам роднини, а бев и учител. Сигурно сум поминал многу повеќе време со децата отколку повеќето луѓе во мојот живот.