Овие хороскопски знаци се осудени на пропаст: Секогаш се разведуваат, сите им раскинуваат и остануваат сами до крајот на животот
Некои хороскопски знаци не се склони кон моногамија и имаат многу поголема веројатност да завршат со развод, тврдат астролозите.
Станува збор за овие четири знаци кои не можат да ја „жртвуваат“ својата слобода и индивидуалност или едноставно не функционираат во врски каде што се подразбира одреден компромис. Затоа, кога не им е по волја, не се двоумат да си заминат.
Лав
Лавовите се многу егоцентрични и очекуваат целосна лојалност и посветеност од партнерот. Тие не поднесуваат неверство или било каков вид на предавство и нема да се двоумат веднаш да ја оладат врската со саканата личност.
Овен
Овните се многу романтични и кога се заљубени, ќе направат се. Сепак, многу им е тешко да поднесат кога на другата страна им е постудено и тешко разбираат различни ликови од нивните. Тие веруваат дека партнерот мора да биде подготвен да направи се што прават, и тоа точно кога би сакале да го направат тоа. Ако не го добијат, тие се подготвени да заминат и никогаш повеќе да не се јават.
Близнаци
Близнаците напуштаат во моментот кога не се задоволни од начинот на кој комуницираат со партнерот. Тие бараат некој кој ќе ги надополни и во ситуација кога ќе сфатат дека се разликуваат со партнерот во некои работи и мислења, повлекуваат линија.
Стрелец
Стрелците копнеат по слобода бидејќи имаат авантуристички дух. Затоа им е тешко да се посветат на една личност и да останат во таа врска до крајот на животот. Моногамијата им е навистина тешка, поради што се многу склони кон раскинувања и разводи.
Фото:freepik