Овие намирници ја прават вашата кожа убава во лето
Со помош на неколку намирници можете да имате убава кожа во лето.
Краставиците се добри поради високата содржина на вода, но и корисните влакна кои помагаат при отстранувањето на токсините. Ако редовно ја консумирате оваа намирница, можете да се збогувате со подочниците и подуваноста во утринските часови. Краставиците исто така содржат витамин Ц кој дополнително помага во обнова на вашата кожа давајќи и супер изглед.
Јогуртот има големо влијание на акните и сите останати воспалителни појави на лицето. Ферментираните млечни производи како кефирот и грчкиот јогурт се едноставен начин за урамнотежување на бактериите во цревата бидејќи се богати со пробиотици. Јадете ги редовно за да избегнете претерано потење во текот на летото.
Во оваа намирница се наоѓаат голем број на здрави масти, витамин Ц и Е и каротеноиди кои помагаат при намалување на воспалителните процеси, а и целосно ја подобруваат кожата.