Овие правила Бен Афлек морал да ги почитува за да биде со Џеј Ло: Едно се однесува на интимните односи и е нереално
Деновиве во сите светски и домашни медиуми се пишува за веста дека Џенифер Лопез официјално поднела барање за развод. Таа и Бен Афлек не биле ни во брак цели две години, бидејќи, според документите што ги доставила Џенифер, тие се разделиле на 26 април.
Во текот на овие неколку месеци се појавија бројни причини поради кои парот наводно се разделил, но вистината се' уште не излезе на виделина.
Некои тврдат дека Бен Афлек не се променил и дека се уште посегнува по пороци, а други тврдат дека Џенифер Лопез е опседната со слава и контрола и дека актерот не можел да се справи со тоа.
Затоа често се пишуваше за строгите правила кои тој и секој маж кој бил со Џеј Ло морал да ги почитува.
Нема стјуардеси
Нејзиниот поранешен сопруг наводно имал афера со стјуардеса на приватен лет, што ја налутило Џенифер толку многу што таа им забранила на жените да работат на нејзините приватни летови .
Добра форма
Позната е по строгиот начин на живот, многу тренира, па истото го очекува и од маж. Во еден момент го ставила Афлек на строга диета.
Пристап до мобилен телефон
Наводно, бидејќи открила дека нејзиниот поранешен сопруг ја изневерува преку телефон, Џеј Ло бара 24-часовен пристап до повиците кои ги добива на мобилниот телефон.
Само три пијалоци во текот на вечерта
Познато е дека Џенифер не пие алкохол и кафе затоа што не сака да и наштетат на кожата, па затоа инсистирала партнерот да не пие повеќе од три пијачки навечер доколку не е во нејзино присуство.
Односи четири пати неделно
За Џеј Ло ова е многу важно, па некои тврдат дека е дури и ставка во предбрачниот договор.