Овие се најдобрите години за мајчинство!

Добивај вести на Viber

Некогаш без сомнение најубавите години за да се стане мајка беа 20-тите.

Гледиштата на мајчиството во голема мера се смениле во изминатите 20 години. Жените станаа лидери, повеќето мајки денес се занимаваат со работа, а и повеќе мажи остануваат дома со своите деца. Се изменија и родителските улоги и бизнис амбиции на жените кои во последниве дваесетина години често се занимаваат со кариера и се целосно финансиски независни.

Значи, кога би било идеално да родиме? Според американските научници во 34-тата година од нашиот живот! Што е многу, многу подоцна од досегашно препорачаните биолошки дваесет. Затоа е уште почудно што причините не се социјални и економски, туку здраствени. Имено, многу сериозни болести, и кај младите мажи и жени се развиваат во 20-те. Затоа тоа би требало да бидат годините кога телото се уште се прилагодува на животниот стил и кога се здобива со некоја здрава навика (исхрана, вежбање, спиење).

Во раните триесетти телото на жените полека достигнува поголема „здравствена константа", поточно наглие промени во организмот се ретки. Затоа е баш 34-тата идеална за раѓање на првото дете. Не, стручњаците исто така се согласуваат дека бременоста може да биде ризична во подоцнежните триесети години, а потешко е да се затрудни природно. Па останува прашањето: Дали ни остануваат само неколку години за раѓање?

На крајот на краиштата, најдобро време за мајчинство е она кое сами ќе го одредите. Среќно!