Овие три хороскопски знаци се дефинитивно најдобрите бакнувачи: Доколку сте искусиле, ќе ги паметите цел живот
Кога бакнежите се придружени со страст и љубов, тогаш тие се паметат долго време. А според астрологијата, на тоа поле три знаци се издвојуваат како најдобри бакнувачи - има многу причини за тоа. Причините ги наведува познатиот астролог Лорен Еш. Меѓу истакнатите знаци се еден земјен знак, еден воздушен знак и еден огнен знак.
Бик
Луѓето родени во овој знак се меѓу најсензуалните на светот. По природа се дискретни, а во љубовта нежни и сочувствителни.
Нивните бакнежи се исто толку за романса, толку и за страст. Не е ни чудо што тие се познати по својата страсна природа и лојалност, две особини кои се многу барани во љубовта.
Овен
Овенот е огнен знак, па можете да очекувате многу љубов, страст и долготрајни бакнежи. Кога ќе ве бакне Овен, треба да знаете дека тоа доаѓа од срцето и душата. Изгледа дека Овенот нема да бакнува никого туку така…
Близнаци
Близнаците се можеби најдобрите бакнувачи. Лесно се прилагодуваат на енергијата на партнерот и знаат да искажат емоции со бакнеж. Тие исто така имаат тенденција да се бакнуваат спонтано. Лорен Еш вели дека на Близнаците на почетокот тешко им се приближува, но ако ги привлечете, ќе уживате во разменувањето на љубовта со нив цела ноќ.
Извор: zena.blic.rs