Oвие знаци се најромантични

Добивај вести на Viber

Биковите се духовити, емотивни и непоправливи романтичари. Кога целосно ќе и се посветат на една личност, до израз доаѓа нивната љубомора и посесивност. Едно е сигурно, ако барате вистински маж тогаш Бикот е вашиот идеален партнер. 

Раковите се нежни и романтични. Вистинските емоции добро ги кријат под својот „раковски“ оклоп. Умеат да уживаат во романтични прошетки и гледање ѕвезди, а за вас ќе сторат сѐ. Доколку навистина му значите тој ќе стори апсолутно сѐ за вас. 

На Рибите никогаш не им е доволно нежност и љубов. Нивната маана е голема пасивност и недостаток на упорност, па иако ве посакуваат, нема да знаат како да ви пријдат. Нема да можете да им одолеете на нивната добрина и нежност.