Овој бисерен накит ќе се најде на аукција: Принцезата Дијана го носеше во последните месеци од животот

FOTO> Profimedia

Од тој ден кога ги носеше обетките и ланчето што ќе се најдат на аукција, нејзините фотографии го обиколија светот и два пати беше на насловната страница на People.

Бисерниот ѓердан и обетките што ги носеше покојната британска принцеза Дијана на едно од нејзините последни јавни појавувања ќе бидат понудени на аукција во јуни.

Во јуни 1997 година, принцезата Дијана присуствуваше на изведбата на Лебедово езеро на Британскиот национален балет во Ројал Алберт Хол во Лондон каде што носеше ѓердан од пацифички бисери и дијаманти.


Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот и двапати беа објавени на насловната страница на списанието People, вклучувајќи го и изданието со тврд повез од 1998 година.

Дело е на златарницата Гарард, а во дизајнот на ланчето учествувала и Дијана. По балетот, таа го врати за Гарард да може да направи пар соодветни обетки.

Но, во меѓувреме, за жал, таа загина во тешка сообраќајна несреќа во Париз. Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе се најде на аукција во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни.

Ѓерданот се состои од 178 дијаманти и седум бисери од Јужното Море во платина, а дијамантите имаат вкупно повеќе од 50 карати.