Овој четврток 28-мо Бизнис Кафе Македонија: Ова се гостите кои ќе го споделат своето работно и животно искуство

Добивај вести на Viber

На 22.03.2018г. од 18:00 чaсот во Next Bar & Food (поранешно Every day) ќе се одржи 28ото по ред Бизнис Кафе Македонија

Гости на настанот ќе бидат: Др. Жарко Костиќ  - мотивациски говорник, доктор по медицина, Дијана Десподов - извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија , Горан Јандреоски - директор на Агенција за цивилно воздухоплодство.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.