Озонот е булдожер за вирусите: Тврди единствениот сертифициран лекар за озонотерапија д-р Анета Кокалеска
Пациентите со најтешка клиничка слика болни од коронавирусот, по примерот на останатите земји кои прават максимални напори во лекувањето на заразените, почнаа да ги лекуваат, освен со крвна плазма, и со уште една крвна метода, односно озонотерапија. Здравствените власти во земјава сметаат дека вреди да се преземат сите чекори за да може успешно да се излекуваат хоспитализираните пациенти. Што всушност значи озонотерапијата и за каква метода станува збор, Фактор разговараше со д-р. Анета Кокалеска Петрушевска, од одрдинацијата „Д-р. Анчевски“, која е единствениот сертифициран лекар во државата од Германската медицинска асоцијација за апликација на озон, за изведување на овој третман во поширок спектар на дијагнози.
Едно од најефикасните решенија за подигнување на имунитетот, како што појаснува д-р. Кокалеска, е аплицирање на медицински озон во организмот, популарно наречено озонотерапија, кој истовремено од една страна го подига имунитетот, а од друга страна е директен уништувач на несаканите микроорганизми.
-Оваа метода во земјава ја работам повеќе од 15 години, откако поминав 6-месечна обука во Германија. До сега многубројните истражувања потврдија дека озонот го зголемува имунолошкиот систем и енергетскиот потенцијал на организмот од два до четири пати. Озонот има 15 пати поголемо дејство од кислородот. Тој е природен антибиотик и дезифициенс и за многу кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Извонредно делува низа дијагнози, на нервниот систем, дава одлични резултати при подготовка на телото за ин витро процедура, го зголемува вниманието и го забрзува размислувањето, а секако дава извонредни резултати во лекувањето на вируси, појаснува д-р. Кокалеска.
Како го зголемува имунитетот
Во однос на ова, д-р. Кокалеска вели дека крвотокот збогатен со озон ги активира клетките и преку циркулацијата му помага на организмот во остварувањето на своите функции.
-Имунитетот се зголемува со директно активирање на леукоцитите, кои се стимулираат за борба против вирусите и бактериите, а во исто време се зголемува и нивниот број. На тој начин уште на самиот “ влез “ во организмот се уништуваат причинителите на болестите. Озонотерапијата е најмоќниот стимулатор на имуниот систем. Благодарение на молекулот на озон, кој има многу реактивна улога и успева да ги разбуди природните сили на клетките преку активирање на системи успева да допре до сите клетки во организмот, вели за Фактор д-р. Кокалеска.