ПАЦИЕНТ ОД ДИЗЕЛДОРФ ИЗЛЕЧЕН ОД ХИВ, експерименталниот третман се покажал како успешен лек
Уште еден пациент со ХИВ е излечен по ризична трансплантација на матични клетки, објавија истражувачите.
Пациентот од Дизелдорф (53) е петтиот излечен пациент преку експериментален третман со матични клетки кои се отпорни на ХИВ. Неименуваниот маж не земал антиретровирусни лекови четири години - апчиња кои обично се потребни секојдневно за да се одржи вирусот под контрола, велат лекарите, пренесува „ABCnews“.
Неговиот случај следи по оној на „пациентот од Берлин“ и „пациентот од Лондон“ кои беа во долготрајна ремисија откако ја поминаа истата процедура. На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.
Речиси една деценија по трансплантација на матични клетки од донатор и повеќе од четири години по завршувањето на терапијата пациент од Дизелдорф сега е во добра здравствена состојба, пишуваат медиумите.
Деталите читајте ги на Фактор тука.