Пациенти со сериозни срцеви проблеми, со воспаление на р'бетен мозок во ГОБ „8 Септември“: Животозагрозувачки постковид компликации

Добивај вести на Viber

Постковид компликациите се нов предизвик кој допрва ќе треба да го решаваме и да се справуваме со него, зошто некои од нив се навистина сериозни и животозагрозувачки, велат за Фактор д-р. Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог и д-р. Тања Делева специјалист невролог во ГОБ „8 Септември“, каде во последниот период доаѓаат одреден број на пациенти кои го прележале Ковид-19, а сега имаат други тегоби.

Самиот вирус има мноштво рецептори во различни ткива и органи, со тоа предизвикува мултиорганаска оштета и тоа не поминува толку брзо, туку си остава последици. Постковид синдром се јавува по четири недели од инфекцијата со вирусот и тоа како акутен и хроничен, зависно од периодот колку што трае, во првите 12 недели пост ковид, но има и постковид тегоби кај некои пациенти кои траат и повеќе од 12 недели. Причините за тој постковид синдром кој се јавува после два последователни негативни ПЦР тестови или веќе не ги ни тестираме, сметаме дека после 20 дена пациентите не се инфективни за околината, но после тој период поминат на активна инфекција, настапува период за можност на развој на постковид синдром и тоа акутен и хроничен, зависно од периодот колку што трае.


Повеќе детали читајте на ФАКТОР, тука.