Животна училница // Приказни
Пациентка од Прилеп починала од опасна бактерија што се јавила во болницата
- 22 Февруари, 2023
Во прилепската болница затворени се седумте операциони сали на сите одделенија поради интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, поради која починала пациентка од сепса, дознава ТВ Алфа од свои извори.
Починатата е една од четворицата пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, но заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје.