Од срце за самохраната мајка Далиборка: Уште едно хумано дело на Панчо и Андреј од ДНК

Дуото ДНК уште еднаш ја покажа хуманоста на дело. 

Иако годинава поради коронавирусот тие се без никакви приходи, неодамна почнаа кампања преку продажба на нивните ДНК дела ( CD и DvD ) за поддршка и подигнување на свеста за Македонската музика во време на пандемија каде заедно со останатите колеги музичари се дефинитивно најпогодени од самиот старт на кризата.

Панчо и Андреј одлучиле акцијата да има хуманитарен карактер и поголем дел од срествата одлучија да бидат донирани на семејства кои имаат навистина потреба од тоа.

Иако на почеток, како што пишува најпознатато дуо на музичката сцена во Македонија, не сакале да го објават погоре напишаното, сега се гордеат на бројот на фанови кои им даваат поддршка со купување на нивните ДНК изданија.

Она што е најемотивно во целата оваа приказна, е тоа што сумата од преку 200 продадени изданија ја даваат на Далиборка Кузмановска.

Далиборка го изгубила сопругот како последица на коронавирусот, и останала самохрана мајка на Тино и Тео ( 1.5 и 5годинки ) .

„За нештата да бидат покомплицирани на “терет” има станбен кредит кој Далиборка сама никако не може да го исплаќа. Ние сме ви преблагодарни за досегашната поддршка која ни ја дадовте, а исто и они тројца, па тука ќе го оставам нејзиниот контакт телефон 078 305550 за оној кој може, сака и има одвишок да ја контактира и помогне на Далиборка да успее да си го сочува огништето. Сопругот и таткото за жал не може да им го вратиме но барем оние мали спомени кои ги имале во новиот стан да направиме да останат засекогаш тука.

На сите вас 200+ луѓе ви се поклонуваме до земја и убедени сме дека тука нема да застанеме, ја знаете процедурата за нарачки / поддршка и заедно продолжуваме понатаму.“, стои во објавата на ДНК.

Изданијата на Панчо и Андреј може да се купат и порачаат онлајн преку нивната ФБ фан страна DNK а доставата е бесплатна ширум Македонија, додека во Скопје, ќе ви го донесат лично тие .


Фото: Фејсбук