Папата Францис предупредува: Не озборувајте по фризерските и салоните за убавина

Папата Францис досега, многу често ги предупредува луѓето да се откажат од озборувањето помеѓу пријателите и комшиите, но овој пат тој ја пренасочи оваа порака и кажа дека истото треба да се избегнува и во “ситните разговори во модерните храмови” – во фризерските и салоните за убавина.

Папата поттикна околу 230 италјански фризери, стилисти и козметичари, кои беа присутни на групен аџилак во Ватикан, максимално да избегнуваат да му потпаѓаат на искушението да озборуваат, иако тоа е вообичаен дел од нивната работа.

Наместо тоа, тие треба да продолжат да ја вршат својата работа “во хармонија со Христа, служејќи им на своите клиенти со нежност и љубезност, секогаш нудејќи им убав збор и охрабрување”- рече поглаварот на Католичката црква.

Папата Францис ги потсети аџиите дека Св.Мартин де Порус, фризер и хирург од 16ти век, кој се приклучил на Доминиканскиот ред во Перу и им помагал на сиромашните и на болните, е нивниот светец заштитник.

На 7ми мај оваа година, Папата има предвидено апостолско патување и ќе дојде на посета во Скопје, родниот град на Мајка Тереза.