Парфем кој ќе ја одбележи оваа пролет

Добивај вести на Viber

Кога се во прашање парфемите, оваа пролетна сезона дефинитивно ќе ја одбележи мирисните ноти на модната куќа Џорџо Армани.

Станува збор за парфемот „Si Passione“, продолжение на познатиот парфем кој беше првпат лансиран во 2013-та година. Според Армани, ова е парфемот кој ќе ги задоволи потребите на сите страсни жени кои сакаат живот исполнет со изненадувања и кои знаат да кажат ДА на сите предизвици што животот сам ги носи. 

Во овој парфем, ќе ги препознаете мирисните ноти на доминантниот црвеникав бибер кој лесно се вклопува во благите ноти на крушка и црна рибизла. Она што му дава свежина на овој парфем е цветното срце на ружата и јасминот, спој којшто создава неверојатна женствена мирисна вибрација којашто привлекува. Во самата база се пронаоѓа мирисот на ванила и кедровина, каде на самиот парфем му даваат топла нота. 

Она што го издвојува овој парфем во однос на другите е додатокот на цветот хелиотроп, кого никого не остава рамнодушен. Покрај мирисната комбинација, овој парфем сигурно ќе ве привлече и со самиот дизајн, кој е дизајниран за да ве потсети на моќта на женскиот црвен кармин. Заштитното лице на овој парфем, е повторно глумицата Кејт Бланшет.

Дали сте подготвени да го пробате овој страстен парфем?