Пари, страст и авантура: Пет хороскопски знаци ќе цветаат за време на владеењето на Лавот

Започнува владеењето на Лавот - времето на страста, романтиката, креативноста и самоизразувањето. Ќе трае од 23 јули до 22 август, а ќе направи вистински метеж на астролошкото небо.

Владеењето на Лавот оваа година доаѓа во посебно време бидејќи сега се повеќе планети одат во ретроградна насока. Оваа силна ретроградна енергија нè повикува да погледнеме наназад на минатото, да се запрашаме и размислуваме за старите проблеми што можат да се решат сега.

Во сезоната на Лав, Венера и Хирон се ретроградни, додека Меркур успорува подготвувајќи се за ретроградно движење. Ретроградната Венера се издвојува бидејќи е планета на љубовта, додека Лавот владее со срцето, па емоциите ќе бидат главниот фокус во овој период.

Сепак, деновите со кои владее Лавот се и денови на напредок и развој, а астролозите велат дека претстојниот период во кој Сонцето е на полето на Лав е особено среќен за следните хороскопски знаци, пишува Story.hr.

Рак

Додека сонцето ја осветлува вашата втора куќа на пари, лични поседи и самопочит, ќе се чувствувате принудени да го исполните вашиот живот со стабилност, изобилство и задоволство кое го посакувате.

Меѓутоа, додека Венера се движи ретроградно низ Лавот, вие исто така оживувате делови од себе кои се сведени на нешто површно. Време е повторно да се поврзете со она што ја храни вашата душа и прави да се чувствувате како дома.

Исто така, вашата кариера ќе добие замав, вашата репутација ќе зајакне и ќе се подготвува да ве опсипува со обожавање на секој чекор.

Лав

Припадниците на овој знак се меѓу оние кои најмногу цветаат во својата сезона, нели?

Оваа година, Лавот ќе се чувствува поинаку за време на неговото владеење бидејќи Венера оди ретроградна низ неговата прва куќа, онаа на личниот идентитет. Ќе ве натера добро да размислите за личноста што некогаш сте биле.

Што ве спречи во минатото? Што не ви дозволи да се изразите како што сакате? Што ве натера да станете нешто што не сте?

Ќе дојдете до суштината на тоа кој сте навистина, а не она што ви е кажано дека сте! Додека Сонцето во Лав се усогласува со Јупитер и Уран во Бик, вие сте во период на бурни промени кога станува збор за вашата кариера, како и за сликата што другите ја имаат за вас. Вие се менувате - и вашите професионални цели неизбежно се менуваат во процесот.


Следна страна