„Павле не сакаше да му заврши роденденската забава“: Синот на Евгенија и Вело Марковски наполни 6 години

Добивај вести на Viber

Прекрасно си поминавме, Павле беше многу возбуден и среќен, исто и Катерина се радуваше со него. Беа толку многу заиграни со другарчињата така што времето брзо им помина. Кога мораше да си одиме Павле беше тажен и не сакаше да му заврши роденденот“, изјави Евегнија Марковска за Женски магазин.

Таа ни откри дека тортата сам си ја избрал Павле со неговиот омилен суперхерој Green Lantern.

Инаку, Павле е првото дете на поранешната мисица Евгенија и професорот Вело Марковски, кој вчера наполни 6 годинки. Ја имаат и ќеркичката Катерина, која е помала.

Роденденот го славеле во игротека со најблиските пријатели и семејство.

Евгенија специјално за Женски магазин, испрати неколку фотографии од забавата, кои може да ги погледнете подолу.



ФОТО: Приватна архива


И.С.