Пеј таму горе, солзите ми пресушија: Колегите се збогуваат од Момо Николовски

Добивај вести на Viber

Со емотивна посвета на својот Фејсбук профил, музичарот Сашо Ливрински се прости од својот кум, пејачот Момо Николовски кој почина вчера по неколкугодишна борба со канцерот на абдомен.

„Почина мојот кум,човекот што ми беше втор татко,кому му должам сѐ околу мојата кареиера. Куме, Момо Николовски, немам зборови со кои би искажал колку сум тажен, дури и солзите ми пресушија...Почивај во мир и пеј куме таму горе, пеј, јас сигурно ќе те слушнам“, напиша Ливрински. Тој објави и снимка од од еден од првите настапи на пејачот,  која ја нарече „Почеток на едно доживотно пријателство“, а многуте колеги му изјавија сочувство за загубата. 

Сашо Ливрински 

Тажната вест за смртта на својот сопруг, на Фејбсук ја соопшти неговата сопруга Валбурга Батева-Николовска.

„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски.