Потресна исповед на Сека Алексиќ: „Мама има лузни на лицето од ударите на тато, се бањавме кај комшивката“
Фото: Printsrceen Youtube/Seka Aleksić
- Татко ми сега почина и беше добар човек, но има работи што се случија што не можат да се избришат. Му простив сè. Тој сакаше да пие и можеше да даде сè што заработил на децата кои немаа, да ги почести сите можни луѓе. Ќе станеше љубоморен и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа најмногу страдаше, ја тепаше. Имаше неколку ситуации кога јас и брат ми ги разделивме, таа сега има лузни на лицето од тој период. Се разведе поради тоа и ја разбирам, никој не треба да поминува низ тоа. После тоа, татко ми замина на работа во странство и пет-шест години не се слушнавме - вели таа.
- Пораснав со мојот очув Милан, кого многу го сакам и кој на нас гледаше како на свои деца. Одеше на работа за да ми заработи месечен автобуски билет, за да одам на училиште - изјави Сека во емисијата „Preživeli“ на К1.
Кога имала шест години, избегале од Зворник и се преселиле во Бања Ковиљача, каде што се запишала на училиште.- Живеевме многу тешко, бевме во сместување за бегалци, потоа отидовме да живееме во стара школа. Немавме бања, но се капевме кај комшиката. Дојдовме буквално облечени, без ништо - рече Сека Алексиќ и додаде:
- Децата беа брутални кон мене. Ме исмејуваа за моето икање, за искинатите чевли, за носењето иста маица. Беше страшно сурово, плачев со денови, но не сакав ништо да ѝ кажам на мајка ми, бидејќи не сакав да ја влошам нејзината и онака многу тешка ситуација. Посебно кога дознаа дека мајка ми е муслиманка, имав секакви малтретирања. Ме туркаа, ме плукаа, ми ја кинеа кошулата, но тоа ми помогна во животот. Им благодарам на сите што беа толку љубезни кон мене, бидејќи не би била тоа што сум денес.
Мајка ѝ не била за пеење, а Сека имала оргомна желба да го направи тоа. Една ситуација била многу непријатна, а донесла и многу промени на тој план.
- Мајка ми не ми дозволи да пеам, избегав од дома, а очувот ми помогна да ги остварам моите соништа. Почнав да пеам на 14 години и тајно одев на забави, тој ми помагаше да го сокријам тоа од мајка ми. Но, таа дозна и само еднаш се појави во клубот, а јас се скаменев кога ја видов и ми падна микрофонот. Кога ѝ објаснив дека тоа е мојот сон и покажав дека само за таа вечер заработувам пет пати повеќе од неа во плата од утро до вечер, таа малку попушти. Од тоа купивме замрзнувач, и така почна - објасни во една прилика Сека Алексиќ во споменатата емисија.
Извор: www.telegraf.rs