(ВИДЕО) Пејачот Боби Павловски се пробива во Србија
Пејачот Боби Павловски на српската телевизија „Гранд“ ја промовираше новата песна „Метар дана“. Со новиот сингл и спот , македонскиот пејач се пробива на српскиот пазар.
„Метар дана“ е песна која решив да ја снимам без многу размислување, веднаш штом го слушнав демото. Нејзини автори се Сале од Тропико бенд, Драган Брајовиќ – Браја и Вук Матиќ, кои навистина маестрално си ја завршија својата работа. Со Сале се познавам одамна и некако до оваа наша соработка дојде сосема спонтано, а договорот падна на една од нашите седенки. Навистина сум задоволен од сработеното и искрено верувам дека и впечатокот и реакциите на сите оние кои ќе ја слушнат ќе бидат ако не исти, барем слични како и моите“, вели Павловски.
Песната е почеток на соработката на Боби со овој авторски тим, а најавува уште еден нов сингл наскоро. Како дел од продукцијата на „Гранд“, Павловски сѐ почесто ќе биде во Србија.