Перо Антиќ со синчето се приклучи на кампањата за здрави и среќни животни (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Македонскиот професионален кошаркар покрај големиот број обврски, знае да посвети време и за најмилите.

Перо Антиќ се приклучи на кампањата за заштита и за здрави и среќни животни, која веќе некое време ја огранизира скопската зоолошка.

Тој заедно со синчето беше во посета на ЗОО Скопје и е дел од јавните личности во земјата, кои се обидуваат да ја кренат свеста на граѓаните за заштитита на животните.