ПЕТ КЛИШЕА НА ИНСТАГРАМ

Добивај вести на Viber

Луѓе кои скокаат во височина, раце во форма на срце, стапала во преден план.. Ако не знаете за што се работи, веројатно немате профил на Инстаграм. Цело лето бевме бомбардирани со исти фотографии. „Креативноста“ на корисниците секојдневно доаѓа до израз, а ова се пет пози кои станаа најголеми клишеа.

Нозе и стапала

Корисните се опседнаа со оваа поза. Стапалата се „ИН“ во кревет, на плажа, во метро.. Луѓето веројатно сакаат да покажат дека навистина се присутни на местото кое го означуваат.

Храна

Дали навистина секое јадење треба да биде овековечено? Ако ги прашате корисниците на Инстаграм, одговорот е дефинитивно ДА. Штом храната пристигне на маса, веднаш се палат камерите, се бара совршениот агол и идеалниот филтер.

Самослик со стапови

Се сеќавате ли што правевме кога немавме селфи-стапови? Љубезно ги замолувавме случајните минувачи да ни излезат во пресрет. Но, времињата се сменија. Овие реквизити не демнат од секоја тезга и потребни ни се сериозни вештини за да ги избегнеме.

Срце

Ако имате направено срце со рацете, особено на место со прекрасно зајдисонце, лајкнувањата ви се загарантирани. Но, опседнати со фотографирање, најчесто го препуштате моментот на уживање.

„Од високо“

Се попопуларни се сликите на кои „од високо“ фотографираме ситници распоредени на масата, како книга, кафе, десерт или авионски билети за некоја егзотична дестинација со пенкало и глобус. Ниту кафе веќе не може да се испие на раат, мора прво да се објави на Инстаграм, коментираат експертите за социјални медиуми.