Пет крем комбинации кои секоја жена мора да ги има

Добивај вести на Viber

Не постои поуредна и поодмерена, а во исто време и пораскошна и поелегантна боја од крем. Оди буквално со сѐ, затоа треба да се потрудите да си ги дозволите овие пет пачиња во крем боја.

1. Крем фустан

Можете да го носите во текот на сите годишни времиња. Фантастично оди со светлите летни и пролетни бои, а во есен и во зима, со чизми од превртена кожа и со капут. 

2. Крем чанта

Што и да облечете, чантата или ранецот во оваа боја нема да се одвојува. Би било супер ако ја искомбинирате со уште некој детаљ во иста боја како шапка, марама, колан.

3. Чевли

Без оглед дали се во прашање чевли на високи потпетици, чизми, удобни рамни сандали, еспдарили или мокасинки, оваа боја дава посебна нота на елеганција.

4. Крем мантил или капут

Вечна модна класика без конкуренција ! Одберете парче со кавлитетен материјал и ќе можете да го носите со години.

5. Џемпер

Едноставно, не постои комбинација со која крем џемперот не оди. Кое и парче да  облечето со него, оваа боја ќе го разубави.