Пет месеци во кома по породувањето: Северина ги расплака сите

Хрватската пејачка Северина со нејзините следбеници на Инстаграм редовно ги споделува моментите од својот брачен живот.  Но, она што таа одлучи да го покаже овојпат предизвика многу солзи кај останатите.

Имено, таа се присети на своето детство и објави фотографија со мајка си, а пораката што ја напиша под неа е доста емоционална.

- Таа беше пет месеци во кома после моето породување, но успеа да преживее и веднаш да ме научи дека може и да умре за мене, исто како и јас за својот син.. Таа ќе биде посреќна, многу посреќна да живее за нас... Ти благодарам мамо за сè - напиша Северина.