Пет причини зошто ви е потребно животно осигурување

Добивај вести на Viber

Факт е дека посакуваме да имаме животно осигурување, но, од друга страна, не треба да договориме полиса за осигурување само затоа што сме слушнале дека е добра идеја. Се поставува прашање дали осигурувањето на животот е најдобар начин за да се заштитат најмилите. Дали се работи за финансиска одлука. Дали е тоа емоционална одлука или постојат и други причини што треба да се имаат на ум.

Финансиска сигурност

Најпрвин, со договарање животно осигурување создавате финансиска сигурност, односно, со склучување договор за животно осигурување, вложувате во вашата безбедност и  создавате сигурност на семејството, како и заштита од финансиски загуби што можат да се појават како резултат на несакани настани.

Долгорочно штедење

Втора причина е долгорочното штедење или создавање дополнителен капитал кога се неопходни стабилни приходи. На пример, во периодот на одење во пензија или кога се потребни средства за некои други намени, како школување на децата, купување стан или автомобил.

Финансиска помош

Животното осигурување овозможува можност за паричен заем во текот на траењето на осигурувањето, и тоа кога е најпотребно.

Душевен мир

Повеќе од сè, осигурувањето на животот ви нуди целосен ментален и душевен мир. Кога имате склучено полиса за животно осигурување знаете дека сте направиле сѐ што можете за да му обезбедите финансиска иднина на семејството.

Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и колку порано ќе почнете дел од парите да издвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а акумулираните средства со текот на годините можат да ви послужат за остварување разни желби. Она што квалитативно го разликува животното осигурување од другите форми наштедење е интегрираноста на штедната и осигурителната компонента. Полисата заживотно осигурување е единствен финансиски производ кој нуди двојнаповолност: истовремено осигурување и заштеда. Осигурувањето на животот е еден видинвестиција во сигурна економска иднина и единствен начин да ја планиратеиднината.

Со осигурување на животот може да се решат многу значајни прашања, како школување на децата, стапување во брак, купување стан, градење куќа или обезбедување дополнителни средства за деновите на староста. Животното осигурување е речиси задолжително за членот на семејството со највисоки месечни примања од кого финансиски зависат преостанатите членови на семејството.

Внимателно следејќи ги зголемените потреби и интересот за животно осигурување, Кроација осигурување - живот создаде производи приспособени на барањата на пазарот, финансиските можности и потреби на секоја индивидуа. Со осигурување на животот можно е да се избере износот на ратата, премијата, како и временската рамка на осигурувањето. По истекот на определеното времетраење на осигурувањето, осигуреникот ја добива договорената сума на располагање. Истовремено, за целиот период на осигурувањето, вашите најблиски се финансиски заштитени, што е и најголема предност на животното осигурување.


ПР објава